27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГолемите количини на витамини се опасни по здравјето

Големите количини на витамини се опасни по здравјето

health-supplements

Научниците се се посигурни дека консумирањето на витамини нема никаков ефект во спречувањето на смртта или болестите во општата популација, а најновите истражувања покажаа дека вишокот на антиоксиданти го зголемува ризикот за појава на рак.

Во многу случаи, консумирањето на големи количини на витамини во облик на додатоци (особено витамините А, Ц, Е и бетакаротен) може да биде штетно, бидејќи така се зголемува ризикот од рак и други болести со оглед дека претерано се зголемува концентрацијата на антиоксиданти во телото.

Покрај тоа, некои витамини и додатоци можат да направат повеќе штета отколку корист, предупредува доктор Мики Барбер и смета дека пет витамини и додатоци треба темелно да се проверат, меѓу кои се калциум, суплементите на калциум, витамински додатоци во исхраната, витамини и минерали за постари од 50 години.

Барбер додава дека храната е најдобриот пат телото да ги добие витамините и минералите за оптимална функција на клетките, иако сите витамини не можат да се добијат во секој оброк.

„Затоа јадете разновидна храна, органски одгледана без пестициди и хормони, оброците подготвувајте ги сами и не јадете надвор од дома, бидејќи во спротивно ќе ви бидат потребни мултивитамини, а доколку сте од оние кои немаат време за подготовка на свежи и здрави оброци секој ден, земајте ја само препорачаната доза на витамини“, истакнува Барбер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП