26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУтре Polleo Sport ја отвора својата прва продавница

Утре Polleo Sport ја отвора својата прва продавница

polle

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport утре ќе ја отвори првата продавница во центарот на Скопје.

На полиците на овој мултибренд продажен центар ќе се најдат производи од познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други.

Oтворањето на Polleo Sport продавницата ќе им овозможи на љубителите на здравиот и спортски начин на живот на едно место да најдат сè што им е потребно – био и здрава храна, витамини, минерали, суплементи, фитнес опрема, облека и обувки.

Од Polleo Sport велат дека нивната основна мисија е константно поместување на границите во борбата против лошите навики, преку едукација за важноста која здравата исхрана и физичката активност ја имаат за водење на квалитетен живот без болести и прекумерна телесна тежина.

poll

„Искрено се надеваме дека луѓето ќе ја препознаат оваа наша намера и ќе нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот. За таа цел обезбедивме разни поволности за нашите купувачи на денот на отворањето на нашата прва продавница. И што е најважно, нема да застанеме тука. Имаме во план многу активности, меѓу кои е и отворањето на втората продавица во јуни, а долгорочните планови вклучуваат отворање на повеќе од 10 продажни центри низ Македонија до 2018 година.“

Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Носител е на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

Повеќе информации:

http://polleosport.mk

https://www.facebook.com/events/1320381844655061/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП