26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога ракот ќе се појави, се храни со ова: Намирница која треба...

Кога ракот ќе се појави, се храни со ова: Намирница која треба да ja исфрлите што побрзо

cancer-cell

За штетноста на овие намирници неретко се зборува и пишува, но сепак, многумина се уште ги консумираат…

Шеќерот има значително влијание врз развојот на канцероганите клетки во организмот а многумина сепак непрестано го консумираат.

Неодамнешното истражување го спровеле група научници од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско. Било откриено дека постои една состојка која се наоѓа во различни видови храна, а која допринесува до тоа да дојде до повеќе од 35 милиони смртни случаи ширум светот, секоја година. Како што заклучиле научниците, шеќерот е причина за многу здравствени проблеми како дијабетес, метаболички синдром, хипогликемија, хипергликемија, срцеви болести, рак итн.

women-sweets-eating-craving

Студија спроведена на Институтот за рак во државата Јута во САД, открила дека шеќерот е еден од главните причинители за развој на туморот. Клетките на туморот користат многу повеќе глукоза отколку нормалните клетки. Различни студии покажале дека луѓето кои имаат повисоко ниво на глукоза имаат поголеми предиспозиции дека ќе им се развие ракот, стои во нивната студија.

Факт е дека на нашите клетки им е потребна гликоза – форма на шеќер која се трансформира во енергија. Клетките на рак можат да преживеат со едноставни јаглехидрати, вклучувајќи ги и рафинираните шеќери кои се наоѓаат во преработената храна и слатките. Процесот во кој глукозата се претвора во пируват киселина и не може повеќе да им обезбедува енергија на здравите клетки е гликозата.

За разлика од здравите клетки, клетките на рак можат да ја конвертираат својата енергија од гликозата без кислород. Тој процес се нарекува анаеробна гликоза, а создава отпадни материи, слични на млечната киселина. Тој вид на млечна киселина може да се разложи во црниот дроб, а отпадниот производ од тој процес е глукозата која се враќа да ги храни клетките на рак и формира кружен циклус во кој се врши континуирано снабдување со глукоза во крвотокот, што го поттикнува растот и развојот на туморот.

shutterstock_15.23e02125210.original

Експертите истакнуваат дека преработените шеќери се поврзани со ракот поради две причини:

1. Тие се потенцијална причина за појава на рак
2. Тие се најдобрата „храна“ за клетките на рак кога ќе се појават во телото

Поради заштита на вашето здравје, размислете за количината на шеќери кои ги конзумирате и обидете се да го намалите внесот на преработени шеќери. Едно е сигурно – немаат поволно влијание врз здравјето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП