26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ повика уште држави да воведат санкции против Mосква

ЕУ повика уште држави да воведат санкции против Mосква

moskva

Европската унија повика повеќе земји да наметнат санкции на Русија поради анексијата на Крим пред две години, пренесе „Ројтерс“. Во одговор од Кремљ коментираат дека полуостровот е руска територија и статусот не подлежи на преговори.

Во соопштението на Европскиот совет по повод втората годишнина од пристапувањето на Крим, од ЕУ ја изразуваат својата загриженост од зголеменото руско воено присуство на полуостровот.

Од заедницата нагласуваат дека од таа причина остануваат во сила и санкциите, вклучувајќи ја и забраната на европските компании да инвестираат во истражување и производство на нафта и природен гас во руската акваторија во Црното Море.

„ЕУ ги повикува останатите членови на ОН да размислуваат за слични мерки“, се вели во декларацијата.

„Нашата позиција е јасна – ова е регион, дел од Руската Федерација. Русија нема разговарано и никогаш нема да ги разгледува своите региони со кого и да било“, коментира пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој потсети дека пред две години во Крим се одржа референдум за судбината на полуостровот и мислењето на луѓето треба да биде почитувано.

Не само ЕУ, но и САД, Јапонија, Канада и Австралија исто така наметнуваат санкции против Москва поради анексијата на Крим, потсетуваат агенциите. Други држави, меѓу кои Бразил и Кина, сепак не се толку критични кон Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП