27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск објави дека е постигнат договор со Турција, за Давутоглу историски ден

Туск објави дека е постигнат договор со Турција, за Давутоглу историски ден

davitoglu

Претседателот не Европскиот совет, Доналд Туск, објави во петокот попладнето дека е постигнат договор за мигрантската криза меѓу Европската унија и Турција, додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу петокот го нарече „историски ден“, пренесуваат агенциите.

„Сега имаме едногласен договор меѓу сите шефови на држави или влади на Европската унија и турскиот премиер за заедничката изјава ЕУ-Турција“, објави Туск на Twitter.

„Ова е историски ден, бидејќи постигнавме многу важен договор меѓу Турција и ЕУ. Сфативме дека Турција и ЕУ споделуваат иста судбина, проблеми и иднина“, изјави Давутоглу на прес-конференцијата во Брисел по завршувањето на самитот.

Договорено се сите мигранти кои од неделата, 20-ти март, ќе пристигнат во Грција да бидат вратени во Турција, а ЕУ се согласи да ја забрза визната либерализација за турските државјани и пристапните преговори со отворање на новите поглавја за финансиите и буџетот.

ЕУ, исто така, под одредени услови се согласија нова финансиска помош за Турција, односно ги удвоија минатата есен ветените три милијарди евра за подобрување на условите за 2,7 милиони Сиријци пребегнати во Турција.

Европејците, покрај тоа, се обврзаа дека за секој Сириец кој ќе биде вратен во Турција, тие во ЕУ ќе преместат еден Сириец од Турција. Таа одредба, во прво време, ќе биде ограничена на 72.000 понудени места во земјите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП