26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРетроспективна изложба на таткото и синот Вељковиќ во МКЦ

Ретроспективна изложба на таткото и синот Вељковиќ во МКЦ

izlzzzo-izlozzzz

Во петок ќе се отвори ретроспективна изложба, Татко и син Вељковиќ, 45 години творештво на Мишо Вељковиќ и 15 години творештво на Урош Вељковиќ. 

Изложбата ќе биде отворена од директорот на МКЦ, Златко Стевковски, во галеријата МКЦ, во 20 часот, а ќе биде поставена до 3 април 2016.

„Изложбата е интеракција и релација на дела во кои го гледаме континуитетот и тенденцијата за исказ со приказ на бунтовност кон времето и околностите што им се сервирани на авторите – таткото Мишo и синот Урош. Таткото гестот го илустрира со практична сценска илустративност или пак на моменти, на начин својствен на надреалистите или како што Андре Бретон го дефинирал надреализмот: како диктат на мисли, без контрола на разумот, надвор од секоја естетска и морална преокупација. Во делата на Мишо сѐ е подредено на неговиот внатрешен свет, неговата агресија, бес, очај, неговата душа или во крајни црти на неговата животна приказна…

Урош – горопадниот син – бунтовник, музичар, графичар, сликар, кој сака да ги тргне „камењата“ од нивниот инерциски пат. Да им даде по секоја цена своја траекторија на таа тврдата и тешка маса, која има тенденција да го згмечи во стандарден калап. Сликите се подредени на неговата агресија, бес, разулавен ритам на фигури и линии коишто по секоја цена ќе се наметнат на публиката“, пишува Горјан Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП