27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид со раст на приходите и добивката, отворени 102 нови работни места

Алкалоид со раст на приходите и добивката, отворени 102 нови работни места

alkaloid0911

Фармацевтската компанија Алкалоид во 2015 година оствари раст на консолидираните продажби од 6 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 8 отсто, инвестиции од над 986 милиони денари и 102 нови вработувања.

Алкалоид АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7,86 милиијарди денари (околу 127 милиони евра) што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од два отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1,15 милијарда денари, (18,8 милиони евра) додека нето консолидираната добивка од 666 милиони денари (10,8 милиони евра) е зголемена за 8 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6,018 милијарди денари, (97,8 милиони евра) што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1,07 милијарда денари 917,3 милиони евра) бележи намалување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2015 година изнесуваат 986 милиони денари.

Во периодот јануари – декември 2015 година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП