3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушти нови реакции (фото+видео)

Facebook пушти нови реакции (фото+видео)

fejs emocii 1

Не секоја вест која ја споделуваме или читаме на „Facebook“, е добра. Затоа веќе можеме да се лутиме, смееме и сакаме во социјалната мрежа.

Ова стана можно откако од компанијата ја извршија една од најголемите промени на својот сајт од неговото основање. По неколку месеци шпекулации, дискусии и тестови, „Facebook“ најави нови пет реакции, кои го дополнуваат вообичаеното копче „Like“ („Ми се допаѓа“).

Така веќе и во Македонија корисниците ќе можат да користат 6 различни видови на емоции – љубов, смеа, изненадување, тага и гнев. Сите тие се прикажуваат при наведување на копчето „Ми се допаѓа“.

Овие реакции ќе се исти за целиот свет, но се очекува во наредните денови да бидат преведени на јазикот на кој ја користите друштвената мрежа.

Основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг сподели на својот профил дека во моментов, имено „Љубов“ е најчесто користената реакција од корисниците во светот.

Инаку во моментов сите корисници се уште не ја добиле оваа можност, но ќе ви прикажеме како ќе може тие да се користат.

На компјутер

fejs

На комјутерската верзија од социјалната мрежа, само поминете со глувчето над копчето „Like“ и новите реакции ќе се појават над него. Откако ќе ги искористите новите реакции, секоја објава ќе ги покажува реакциите кои најмногу биле искористени на таа објава. На една објава може да се искористи само една реакција.

На телефон

fejs emocii 3

Во апликацијата на социјалната мрежа треба да ја затворите апликацијата целосно и повторно да ја отворите пред да се појават реакциите. Откако ќе го притиснете копчето „Like“, ќе се појави порака која ќе ве насочи да го држите копчето за да се појават другите реакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП