3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗакројување на лозјата во „Тиквеш“ - почеток на новиот циклус за производство...

Закројување на лозјата во „Тиквеш“ – почеток на новиот циклус за производство на врвни вина

ti

Со желби за квалитетен род и бериќетна винска година, денеска започна закројувањето на лозовите насади на Винарската визба „Тиквеш“ на локалитетот „Лепово“ кое традиционално се одржува во чест на Свети Трифун – заштитникот на лозарите и винарите.

Чинот на закројување на лозите беше извршен според сите обичаи, од страна на генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ Игор Илиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, во присуство на голем број партнери, соработници и пријатели.

„Овој празник е многу повеќе од традиција. Тој е симбол на надежта на лозарите и винарите дека и оваа година ќе имаме добри услови коишто ќе ни овозможат да произведеме врвни вина кои ќе го освојуваат светот и со кои сите ние ќе се гордееме“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски, честитајќи им го големиот празник на сите лозари и винари, како и на љубителите на виното.

ВВ „Тиквеш“ во континуитет посветува големо внимание и вложува обемни средства во развојот на сопствени лозови насади, како и во соработката со лозарите и нивна едукација за примена на најсовремени агротехнички методи за одгледување на гројето заради натамошно унапредување на квалитетот и производство на врвно вино.

tik

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП