26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Најнови вести од светот 04.04.2013

 

Загреб – Бројот на вработените во индустријата во Хрватска во февруари оваа година е намален за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво беше понизок за 5,4 отсто, објави хрватскиот Државен завод за статистика. Во исто време продуктивноста на трудот во индустријата е зголемена за 6,9 отсто. Повеќегодишниот тренд на намалување на бројот на вработените трае уште од ноември 2007 година.

 

Букурешт – Романската економија порасна за 0,7 отсто во 2012 година, што е повеќе во однос на претходно оценетиот раст од 0,3 отсто, покажуваат објавените податоци на романскиот Завод за статистика ИНС. Таков раст е резултат на подобрениот индустриски и малопродажен сектор, се додава во соопштението на ИНС. Романија за 2013 година предвидува економски раст од 1,6 отсто.

 

Љубљана – Надзорниот комисија на Нова кредитна банка Марибор НКБМ го одобри предлогот на Управата на банката за докапитализација во износ од 100 милиони евра. Основниот капитал на банката од 40,8 милиони евра ќе се зголеми со претворање на хибридниот заем на државата Словенија во акции, со што сопственичкиот удел на државата во НКБМ ќе порасне на околу 79 отсто. За таа цел банката ќе издаде 98 милиони нови акции со номинална вредност од 1,0150 евра. Со планираната докапитализација и други мерки, банката има намера да го достигне нивото.

 

Берлин – Регистрацијата на новите возила во Германија, како клучна мерка за побарувачката во еден од најзначајните сектори на германското стопанство, значително падна во март, покажуваат податоците на германската федерална агенција за моторни возила КБА. Во март се регистрирани 281.184 автомобили, што е пад од 17,1 отсто во споредба со истиот месец лани, се додава во соопштението на КБА. Во текот на првите три месеци во 2013 година, регистрирани се 672,957 автомобили, што е за 12,9 отсто пониско во однос на истиот период лани, се вели во соопштението.

 

Лондон – Планираното воведување на данок на финансиските трансакции во Европската унија, Британија може да ја чини повеќе милијарди фунти при издавање на обврзници, наспроти тоа што не планира негово воведување, што би ги загрозило финансиите на компаниите и владата, покажува објавената студија. Според истражувањата на град Лондон, кој е центар на британската финансиска индустрија, се проценува дека, ако данокот на трансакциите оваа година стапи на сила, тој ќе ја чини Британија дополнителни 4 милијарди фунти (6,1 милијарда долари) за емисија на британски должнички хартии.

 

Париз – Британската банка Барклис во својата филијала во Франција ќе укине 243 работни места, од вкупно 1.500 во рамки на планот за реорганизација која на 18 и 19 март ја претстави управата на француската филијала. Британската банкарска група, вмешана во серија скандали, во февруари оваа година најави дека ќе отпушти 3.700 луѓе.

 

Сараево – Околу 40 отсто граѓани на БиХ имаат проблеми со отплатата на кредитите, а имотот под хипотеки е околу 150 милиони КМ (76,6 милиони евра), што е причина и на ова подрачје луѓето да се интересираат за можноста за донесување на закон за личен банкрот. Претседателот на Здружението за заштита на жиранти во БиХ, Јовица Цвјетковиќ, рече дека Здружението ќе ја поддржи оваа иницијатива, бидејќи тоа би било решение за тие кои не можат да ги отплатуваат своите долгови.

 

Париз – Просечниот показател за инфлацијата во земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД, порасна во февруари на 1,8 отсто, во однос на 1,7 отсто во јануари, соопшти организацијата. Темпото на раст на цените на енергенсите во февруари е забрзано на 3,4 отсто во почетокот на годината. Инфлацијата во земјите на ОЕЦД на годишно ниво, без трошоците за енергија и храна, во февруари е зголемена на 1,6 отсто, од 1,5 отсто претходниот месец. На годишно ниво инфлацијата во февруари е забрзана во Канада (од 0,5 на 1,2 отсто), САД (од 1,6 на 2,0 отсто), Велика Британија (од 2,7 на 2,8 отсто).

 

Париз – Богатите земји кои спроведуваат буџетско штедење во текот на минатата година ги намалија издатоците за земјите во развој за 4 отсто, наведено е во соопштението на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. Помошта за развој, која ја пружаат 34 членки на ОЕЦД, е намалена за околу 6 отсто откако во 2010 година го достигна врвот. Ова исто така е прв пат од 1996 и 1997 година обемот на помошта да падне два пати во една година. Во 2012 година, членките на ОЕЦД обезбедиле 125,7 милијарди долари помош, што претставува 0,29 отсто од нивниот заеднички бруто национален приход. Најголеми донатори биле САД, Велика Британија, Германија, Франција и Јапонија.

 

Вашингтон – Американскиот телекомуникациски оператор Верајзон ги отфрли шпекулациите дека заедно со компанијата АТ и Т планира да го купи британскиот мобилен оператор Водафон и меѓусебна распределба на неговите активи. – Како што Верајзон повтори повеќе пати, компанијата сака да купи 45 отсто од уделот на Водафон во Верајзон вајерлес.

 

Берн – Една калифорниска компанија за организација на прослави за свадби нуди необична услуга – откуп на откажани свадби и препродажба на други клиенти по пониски цени. – Ние откупуваме откажани свадбени прослави, комплетна организација на истите и ги препродаваме на клиенти кои се заинтересирани за целиот пакет на услуги по пониски цени – објасни сопственичката на компанијата Брајдал Брокериџ, Лорен Бирн во емисија на калифорниското радио КПЦЦ. Идејата за ваква работа потекнала од сознанијата дека во САД секоја година се откажуваат во просек над 250.000 свадби, што според Бирн претставува солиден пазар.

 

Дубаи – Дубаи ворлд сентрал, втор најголем аеродром во Обединетите Арапски Емирати, ќе биде отворен за патнички летови од 26 октомври, а од него ќе летаат два авионски превозници, соопшти емиратскиот оператор на аердромот Дубаи ерпортс. Авиокомпанијата Насер од Саудиска Арабија ќе има над 50 летови неделно на релација меѓу Дубаи и дестинации во Саудиска Арабија, додека унгарската нискотарифна авиокомпанија Виз ер ќе има нон стоп летови од Централна и Источна Европа, соопшти Дубаи ерпортс. По завршетокот на изградбата, Дубаи Ворлд може да стане најголем аеродром на светот, со годишен капацитет од 160 милиони патници. Инаку овој аеродром почна со работа во 2010 година и тоа само за превоз на товар.

 

Русија – Нафтените компанија Росњефт и Ексон мобајл планираат на Аљаска да изградат фабрика за течен природен гас ТПГ на наоѓалиштето Поинт Томпсон, рече за новинарите шефот на руската компанија Игор Сечин. Според Сечин, тоа е многу добар проект темелен на експлоатација на Аљаска. Претседателот на Росњефт додаде дека прелиминарната студија на пазарот покажува значителен раст на потрошувачката на тој производ во азиско-пацифичкиот регион. До 2018 година потрошувачката на ТПГ во тој регион практично ќе порасне за 90 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП