8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагриженоста за побарувачката ги сопре нафтените пазари

Загриженоста за побарувачката ги сопре нафтените пазари

nafta33

Нафтените пазари во вторникот ги сопре загриженоста дека побарувачката за нафта нема да расте доволно силно во блиска иднина со оглед на слабиот економски раст и превирањата на финансиските пазари.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,62 долари. Позначителни промени во цената нема ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 29,59 долари.

Берзите во изминатите денови ги разниша загриженоста за светскиот економски раст па инвеститорите се завртеа кон имот кој го сметаат сигурно прибежиште за капитал, како што е златото, германските државни обврзници и швајцарскиот франк. Цената на нафтата, пак, ги следи пазарите на хартии од вредност со оглед дека загриженоста за растот значи и можност за послаба побарувачка и тоа во услови на вишок во снабдувањето.

Во меѓувреме, Меѓународната агенција за енергија (IEA) процени дека непосакуваните нафтени вишоци ќе се складираат и во поголемиот дел од оваа година со оглед на побавното темпо на намалување на производството во САД и малите шанси OPEC со останатите големи производители да постигне договор за намалување на пренадуеното производство.

IEA денеска силно ја снижи прогнозата за раст на побарувачката за нафта во оваа година, на 1,17 милиони барели дневно, од минатогодишното највисоко ниво за пет години од 1,6 милиони барели дневно. Ја снижи и процената за побарувачка на нафта за сите членки на OPEC.

Трговците се уште поголеми песимисти, па најголемите светска компанија за трговија со нафта Vitol објави дека очекува светската побарувачка во оваа година да изнесува околу еден милион барели, во однос на минатогодишните 1,6 милиони барели.

„Мислам дека во овој момент не можеме да очекуваме дека ниските цени постепено ќе ја зајакнат побарувачката“, истакна извршниот директор на Vitol, Крис Бејк.

Ваквите процени ги потврдуваат и економистите опфатени со анкетата на Reuters, кој проценува дека резервите на сурова нафта силно пораснале во минатата недела, за 3,9 милиони барели. Официјалните податоци ќе бидат објавени утре.

„Фундаментите не се променија. Пазарот и натаму зависи бележи вишок и додека е така цената на нафтата многу тешко ќе се задржи на повисоко ниво“, вели Мајкл МекКарти од сиднејски CMC Markets.

Засебно OPEC денеска на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошница во понеделникот изнесуваше 29 долари, што значи дека падна за 30 центи во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП