8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 34 долари, разочараа разговорите за производството

Цената на нафтата под 34 долари, разочараа разговорите за производството

nafta 4839

Цената на нафтата падна во понеделникот во скромно тргување на светските берзи, со оглед дека инвеститорите ги разочараа тоа што нема конкретни резултати во разговорите на Саудиска Арабија и Венецуела за производството.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне падна за 68 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,38 долари. На американската берза со барелот се тргува по 81 центи пониска цена, од 38,08 долари.

Минатата недела нафтените пазари ги поттикнаа преговорите за намалување на производството. Министерот за нафта на Венецуела, Еулогио дел Пино започна да лобира кај водечките производители во рамки на OPEC за поддршка на цените. По средбата со катарските функционери во неделата разговараше и со саудискиот колега Али ал-Наим.

По состанокот на двајцата министри немаше никакви конкретни сигнали дека производителите во рамки на OPEC, а и оние вон картелот се подготвени да разговараат за пад на цената на нафтата, констатира Reuters.

„Состанокот беше успешен и протекна во позитивна атмосфера“, ја цитирише саудиската новинска агенција SPA изјавата на министерот Наим.

„Шансите за спогодба моментно се мали, но ќе пораснат доколку цената на нафтата се задржи околу 30 долари за барел, што ќе се случи и доколку Иран и Ирак го зголемат производството како што зацртаа“, толкува аналитичарот на PVM Oil Associates, Дејвид Хафтон.

Инвеститорите повторно се насочија кон прекумерното снабдување, вклучително и на официјалните податоци од САД за рекордното ниво на резерви на сирова нафта и бензин.

„Состојбата со резервите на суровата нафта и натаму предизвикува сериозна загриженост“, констатира Оливие Јакоб од Petromatrix.

Од Morgan Stanley проценуваат дека прекумерното снабдување веројатнои нема да почне да се намалува пред 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП