26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитичарите: 2016 ќе биде година на златото

Аналитичарите: 2016 ќе биде година на златото

Gold-Nuggest

Низата лоши податоци од Кина и падот на цената на нафтата му го вратија на златото епитетот безбедно инвестициско засолниште во несигурните времиња. По три години загуби, златото од почетокот на годината зајакна за повеќе од осум проценти, станувајќи најдобра инвестиција во оваа година на глобално ниво.

Во текот на изминатата недела една унца злато достигна цена од 1.155, 30 долари, што е највисокото ниво од 29. октомври, а аналитичарите прогнозираат дека најдоброто допрва доаѓа.

„Oчекуваме дека 2016 ќе биде година на златото и тоа би можело да биде стока со најдобри перформанси. Постојат многу елементи кои предизвикуваат нестабилност на пазарите и златото претставува совршена брана за нив. Мислењата покажуваат дека нестабилноста на пазарите ќе го зголеми апетитот на инвеститорите за златото, па така неговата цена оваа година би можела да достигне 1.350 долари“, вели Наем Аслам берзански аналитичар во „AVA Trade“.

„Златото сигурно ќе ја заврши годината над 1.200 долари. Лично, очекував нешто пониски цени во текот на првиот квартал, меѓутоа, ниските цени на нафтата и слабите приноси од хартиите од вредност ја зголемија цената на златото порано од тоа што се очекуваше“, додаде неговиот колега Оле Хансен.

„Ако ФЕД направи пресврт во својата политика и тоа може да ја промени насоката на пазарите, меѓутоа, тоа повторно може да ја зголеми склоноста кон златото бидејќи олабавувањето на монетарната политика негативо влијаеше на доларот“, смета Наем Аслам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП