КОМПАНИИ

Витаминка АД Прилеп со раст на приходите и повисока добивка за 19 отсто

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Септември 2026 година оствари обивка по оданочување во висина од 45.267 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 19%.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2026 година изнесуваат 3.187.013 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2025 година бележат раст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, додека 1% од вкупните приходи се остварени од останати приходи.

Остварените единечни вкупни расходи за овој извештаен период од 2026 година изнесуваат 3.159.293 и во споредба со остварените за истиот период во 2025 година бележат зголемување од 6%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во периодот од Јануари – Септември 2026 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.