Во кујната не се подготвува само ручек. Мирисот на омиленото јадење често нè враќа во детството, на масата околу која сме пораснале и нè потсетува колку малите секојдневни моменти всушност можат да бидат големи. Понекогаш се доволни малку време, добра идеја и вистински момент за кујната да стане најживото место во домот, простор каде што се создаваат спомени, се споделуваат оброци и се негуваат малите ритуали во кои уживаме.
Повеќе време за она што навистина е важно
Современите кујнски апарати денес можат токму во тоа да помогнат – секојдневната подготовка на храната да биде поедноставна, а да остане повеќе време за она што е најважно: луѓето, разговорите и заедничките моменти.
Токму затоа Gorenje на почетокот на есента ја става во фокус акцијата „Најубавото започнува во кујната“, одлична понуда на одбрани вградни рерни, плочи за готвење и аспиратори. Понудата опфаќа модели дизајнирани да го направат секојдневното готвење поедноставно, попрактично и попријатно.
Кога технологијата презема дел од работата
Една од функциите што ги нудат Gorenje рерните, а која може да го промени начинот на кој го поминуваме времето во кујната, е функцијата за подготовка на пица. Моделот со PizzaPlusфункција овозможува подготовка на пица на температура од 350°C за само 3 минути и 30 секунди, доволно брзо омилениот оброк да стигне на масата додека разговорот сè уште трае.
За оние кои сакаат да ѝ се препуштат на технологијата, Gorenje OptiBake рерните нудат AutoBake програми со 21 автоматски рецепти. Доволно е да се изберат видот и тежината на јадењето, а рерната ќе се погрижи за останатото. Така подготовката на оброците станува поедноставна, дури и кога треба да се усогласат повеќе обврски.
За завршниот допир тука е функцијатаза запекување, која овозможува создавање златно-кафеава коричка на лазањи, месо, запечен компир и други омилени запечени јадења.
А кога оброкот ќе заврши, одржувањето на рерната може да биде поедноставно благодарение на различните типови на чистење достапни кај различните модели. На пример, при каталитичкото чистење кога рерната за време на печењето ќе достигне температура од 85°C или повеќе, каталитичката облога на вентилаторот автоматски почнува да ги впива маснотиите и нечистотиите, олеснувајќи го одржувањето на апаратот.
Прецизна контрола за повеќе јадења истовремено
Ниту Gorenje плочите за готвење не се само дел од дизајнот на кујната, бидејќи нивната технологија може значително да влијае врз искуството при подготовката на храната.
Gorenje плочите за готвење носат нов кориснички интерфејс на допир за секоја зона, кој овозможува прецизна контрола на температурата и поставките за секоја зона поединечно. Интуитивните контроли го олеснуваат поставувањето на нивото на топлина, додека можноста за независно управување со зоните нуди поголема флексибилност кога истовремено се подготвуваат неколку јадења.
Со современиот дизајн, ваквиот начин на управување природно се вклопува во модерните кујни и овозможува подготовката на храната да биде поедноставна и попрегледна.
Тука е и StayWarm функцијата, која одржува постојана температура на храната од 70°C сè до моментот на сервирање. На тој начин јадењето може да ги почека сите членови на семејството, а притоа да ја задржи температурата и оригиналниот вкус до послужувањето.
Кујна во која останува повеќе простор за заеднички моменти
Кога технологијата презема дел од секојдневните задачи, готвењето може да стане повеќе од обврска. Може да биде можност да застанете за момент, да го соберете семејството, да поканите пријатели и од обичен оброк да создадете момент што ќе се памети.
Зашто некои од најубавите спомени навистина започнуваат во кујната, со мирисот на омиленото јадење, звукот на разговорот и луѓето со кои најмногу сакаме да го споделуваме времето.
Искористете ја акцијата на Gorenje „Најубавото започнува во кујната“ и пронајдете го моделот на вградена рерна, плоча за готвење или аспиратор што најдобро ќе се вклопи во вашата кујна на веб-продавницата.