Државниот завод за статистика објави податоци за третиот квартал од годинава за количеството на превезената стока во товарниот патен превоз. Податоците се негативни во тите сегменти на товарниот патен превоз, и тоа минусно салдо се забележува во дистрибуцијата на стоки во градско-приградските превози, во железничкиот како и во воздухопловниот превоз . Освен на стока намалување има и на превезените патници како на домашен така и на меѓународен пат.
Податоците кои ги објавија државните статистичари велат дека количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 22.2 %, во железничкиот превоз е намалено за 1.1 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 7.6 %.
Количество на превезена стока
– товарен патен превоз: -22.2 %
– железнички превоз: -1.1 %
– воздухопловен превоз: -7.6%
Што се однесува пак до патникиот превоз, во третото тримесечје од 2026 година, бројот на превезените патници изнесува 942 илјади, во градско-приградскиот превоз 7 149 илјади, во железничкиот превоз 19 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 1 375 212.
Превезени патници во патниот патнички превоз: 942 000
– градско-приградски превоз: 7 149 000
– железнички превоз: 19 000
– воздухопловен превоз: 1 375 212
Транспортот на луѓе и стоки не е само прашање на движење од една до друга точка, туку е еден од клучните двигатели на економскиот и општествениот развој на државата. За Македонија, како земја на важна регионална и европска транзитна крстосница, вложувањето во современа инфраструктура, подобрувањето на јавниот превоз и олеснувањето на транспортот на стоки се неопходни чекори кон поголема конкурентност и поврзаност.
Предизвикот не е само да се обезбеди побрз транспорт, туку тој да биде побезбеден, поефикасен и подостапен за граѓаните и стопанството. Од тоа колку успешно ќе се одговори на овие предизвици ќе зависи и колку Македонија ќе може да ги искористи своите географски и економски потенцијали.
И.П