Од понеделник, 12 октомври 2026 година, сообраќајната реалност во Охрид и околните градови радикално се менува.
По успешните финални тестирања, Министерството за внатрешни врати (МВР) официјално го пушта во употреба софистицираниот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на целата територија во надлежност на СВР Охрид. Ова е втор голем чекор во националното проширување на дигиталното око на полицијата, помалку од еден месец откако системот веќе започна со работа во Велес.
Паметниот систем едновремено ќе ги следи сообраќајниците во четири општини: Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Од МВР нагласуваат дека целта е драстично унапредување на безбедноста на патиштата, намалување на бројот на жртви во сообраќајот и подигнување на сообраќајната дисциплина која, особено во летните месеци во овој регион, често е ставена на сериозен тест.
Камерите со висока резолуција и вештачка интелигенција не служат само за пасивно снимање, туку за автоматско препознавање на прекршоците во реално време, при што примарно ќе се таргетира пречекорувањето на брзината, минувањето на црвено светло и откривањето на нерегистрирани возила преку автоматско препознавање на регистарските таблички.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.