30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд не се откажува

Оланд не се откажува

oland1

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд најави данок од 75 проценти, кој ќе го одзема од платата на оние кои на годишно ниво заработуваат повеќе од еден милион евра.

Новиот данок на платата, кој ќе се применува само две години, го заострува предлогот за оданочување на поединци чиј годишен приход е поголем од еден милион евра. Тој предлог не беше усвоен од страна на Врховниот суд во Франција.

Товарот на оданочување ќе биде на компаниите, кои во моментов за најголемите плати даваат уште 50 проценти за данок.

Оланд во телевизиско интервју, сепак, предвиде дека повеќето компании ќе го избегнат овој данок, така што на своите најдобро платени работници ќе им ги намалат платите во наредните две години.

Според Оланд, острото оданочување на највисоките плати е разумна мерка во време кога се намалуваат приходите на многу вработени.

Претседателот на Франција, изјави дека штедењето ја води Европа во пропаст. Тој потенцираше дека „денес, продолжувањето на штедењето значи ризик од неуспех во намалувањето на дефицитот и сигурност дека популистите ќе ја проголтаат непопуларната влада“.

„Тоа што од европските земји се бара да бидат ригорозни, совршено го разбирам, но не го разбирам продолжувањето со штедењето, кое ја води Европа во пропаст“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП