НБА тимот Мемфис Гризлис ја испразни клупската каса за да го задржат во своите редови шпанскиот центар, Марк Гасол. Еден од најдобрите центри во НБА лигата од Мемфис доби петгодишен договор вреден 108 милиони долари.
Помладиот од браќата Гасол комплетната НБА кариера ја минува во Мемфис, во кој стигна во 2008-ма година како 48-ми пик на драфтот избран од страна на ЛА Лејкерс.
Минатата сезона, Гасол во просек по натпревар бележел по 17,4 поени, 7,8 скокови и 1,6 блокади. Мемфис минатата сезона стигна до полуфиналето на Западната конференција, кога во шест натпревари беше елиминиран од Голден Стејт.
Шпанскиот репрезентативец двапати играл на Ол Стар натпреварот, а во 2013-та година беше избран за најдобар дефанзивец во лигата.