30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште 2.000 деца од социјално загрозени семејства на бесплатен одмор

Уште 2.000 деца од социјално загрозени семејства на бесплатен одмор

deca dime

Огласот на Министерството за труд и социјална политика за бесплатен летен одмор за деца од социјално ранливите категории е објавен во средата и преку него годинава на бесплатен одмор ќе заминат 2.000 деца, а аплицирањето ќе трае до 17-ти јуни.

Децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение четврта година по ред ќе заминат на бесплатен летен одмор, шест дена во Струга.

Имаат право да аплицираат родителите корисници на социјална помош, родителите корисници на социјална парична помош, корисниците на детски додаток, корисниците на посебен додаток, односно родителите на деца со пречки во развојот, како и право на бесплатен одмор за децата без родители и родителска грижа.

До сега на бесплатен летен одмор преку овој проект биле 6.000 дечиња, а на бесплатен зимски одмор 3.000 дечиња.

Родителите на децата од социјален ризик треба да поднесат само барање за бесплатен летен одмор до Центрите за социјални работи, целата постапка натаму ќе ја води министерството. Доколу не се исполни предвидениот број од 2000 дечиња до 17-ти јуни, рокот за аплицирање ќе биде продолжен.

За реализација на овој проект обезбедни се осум милиони денари.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, рече дека како Влада и понатаму ќе продолжат со проекти со кои ќе им дадат поддршка на децата кои се наоѓаат во социјален ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП