„BlackBerry“ соопшти дека еден од нивните долгогодишни партнери порачал еден милион телефони од моделот „BlackBerry10“.
Ова е најголемата нарачка за еден модел одеднаш која компанијата ја има добиено во својата историја.
„BlackBerry“ во јануари ги претстави новите паметни телефони „Z10“ и „Q10“, а со новата зделка се очекува да им помогне да ја поправат разнишаната положба која во моментов ја имаат на пазарот.
Со големата нарачка, како и веста дека владата на Германија планира да го воведе „BlackBerry Z10“, секако е добар знак за компанијата која во последните години не успева да фати приклучок со уредите на „iPhone“ и „Android“.