30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната и понатака во пад

ЕЦБ: Кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната и понатака во пад

ecb-headquarters111

Обемот на кредити одобрени во приватниот сектор на еврозоната, што е показател за економското здравје, е намален во месец февруари на годишно ниво, иако со малку побавно темпо во однос на месец јануари, соопшти денес Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на кредити одобрени на приватните компании и домаќинствата во месец февруари се намали за 0,1 проценти во однос на истиот месец минатата година. Во јануари падот изнесуваше 0,2 проценти, во однос на јануари претходната година, наведуваат од ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Долготрајната и длабока финансиска криза во 19-члената европска монетарна унија го намали кредитирањето и со тоа за закочи економската активност.

Обемот на пари во оптек во еврозоната порасна за четири проценти во февруари, во однос на растот од 3,7 проценти од месец јануари. ЕЦБ обемот на пари во оптек го смета за показател на идната инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП