Смиреноста ќе ви помогне да се справите со раличните лоши особини на вашиот шеф. Ние ви претставуваме листа од 20 типови на ужасни шефови врз основа на нивните особини:
1. Шеф фалбаџија: Сам, постојано ги промовира „своите“ (колективните) достигнувања
2. Шеф насилник: Постојано ги заплашува вработените
3. Шеф кој постјано има различни барања (најчесто невозможни): Сака се да биде завршено до „вчера“.
4. Шеф кој игнорира: Шеф кој се однесува како да не постоите
5. Импулсивен: Не мисли на проектот, само „истрчува“ со одлуките
6. Лажго: Свесно дава лажни инфрмации и ветувања
7. Егоцентричен: Ги презема сите заслуги или не е свесен за туѓите потреби
8. Тврдоглав: Секој пат кога ќе претставите некој проект или идеја тој вели „не, не можеме тоа да го направиме“
9. Бесен: Шеф кој има ненадејни изливи на бес и тогаш се однесува како дете кое ја загубило играчката.
10. Територијален тип: Мисли дека се е негово – канцеларискиот простор, новите клиенти и вашите работи
11. Ситничар: Постојано се жали за се и сешто
13. Живее во свет на фантазии: Има нереални очекувања и не е подготвен да се соочи со фактите
14. Превртлив: Само неколу минути откако сте го завршиле проектот тој се предомислил.
15. Беспомошен: Непријано му е надвор од неговата зона на удобност. Постојано има потреба да му помогнете.
16. Робува на ирационални стравови: Светот и компанијата ќе го доживеат својот крај, како и вие, доколку не работите до доцна за да го постигнете невозможносто.
17. Заборавен: Вашиот шеф очигледно има дефицит на внимание.
18. Често го менува расположението: Никогаш не можете да процените кога вашиот шеф ќе биде Џекил, а кога Хајд.
19. Има големи потреби: Потребно му е убедување, вашето време и многу повеќе од тоа.
20. Има кратка концентрација: Никогаш и на ништо не се концентрира доволно долго.