Раководството на Интер започна преговори со Ласана Диара, соопштува „Скај Италија“.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи се сретнал пред Божиќ со шефовите на „нероазурите“ во Милано, за да преговараат за евентуално негово преминување на „Џузепе Меаца“.
29-годишниот фудбалер е без тим од мај месец, па поради тоа се подготвува со кондиционен тренер индивидуално.
Поранешниот француски репрезентативец во моментов се суди со последниот тим во Русија, Локомотив Москва и дал согласност да игра под водство на Роберто Манчини.
Стратегот пак сака неколку засилувања во текот на зимскиот преоден рок, а претпочита тие да бидат играчи, кои се со слободни договори, или такви кои не се среќни во клубовите. Причината е дека Ерик Тохир му ветил пари, но не и да се инвестираат сериозни суми во фудбалери.