Галатасарај по елиминацијата од Лигата на шампиони и катастрофалниот старт во првенството, минатата недела го отпушти тренерот Прандели, а новиот стратег Хамазаоглу одлучи да направи „чистка“ во соблекувалната.
Клубот веќе подолго време е во големи финансиски проблеми, па оваа зима ќе се ослободат од играчите со скапи договори за да го растеретат буџетот.
Прв на списокот за заминување е холандскиот репрезентативец Весли Снајдер кој е исклучитечно незадоволен од ситуацијата во клубот, а за него силен интерес покажува Манчестер Јунајтед.
Менаџерот Луј ван Гал има намера оваа зима да го донесе својот сонародник на „Олд Трафорд“.
На „црвените ѓаволи“ не им се проблем финансисите, па се очекува бргу да постигнат договор како со турскиот клуб, така и со самиот фудбалер.
Сепак, останува да се види, колку оваа последна информација ќе биде точна или повторно станува збор за шпекулација, затоа што самиот Снајдер пред извесно време изјави дека е среќен во Галатасарај и нема намера во скоро време да си замине од Турција.