Претставници на Реал Мадрид стапиле во контакт со бразилскиот шампион Крузеиро за халфот Лукас Силва, соопштува весникот „АС“.
Според информациите тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти лично инсистира на трансферот на фудбалерот.
Анчелоти исто така разговарал со тренерскиот штаб на бразилскиот клуб за квалитетите на 21-годишниот фудбалер.
Реал Мадрид може да го привлече Силва за сума од 15 милиони евра.
Карло Анчелоти сака да го земе Силва со цел да го засили средниот ред, бидејќи Сами Кедира ќе го напушти тимот, а Италијанецот не е задоволен од Асиер Илараменди.