Погледнете ја ексклузивната „Brighton Escape“ куќа во Австралија, и дозволете позитивната енергија од неа да прејде и на вас.
Овој ентериер и простор е резултат на прекрасна игра на облици, без премногу ексцентричност, а исто така инспирира и топло чувство на припаѓање во некој простор, кој предизвикува смиреност.
Современи линии, прекрасни кривини и беспрекорни финиши – тоа е она од што е направен овој ентериер. Ентериерот представува смиреност на природното опкружување, и му овозможува на тој што живее во оваа прекрасна резиденција да се чувствува слободно.
Дворот има агли кои се украсени со деликатни зен каменчиња и смарагдно зелена трева која го опкружува овој дом.
Просторот од самиот почеток, од своето настанување е третиран многу внимателно, со иста почит кон дизајнот, како да станува збор за музеј.
Резбите на плафонот, ѕидовите и подот креираат само склуптурна преграда преку целата резиденција, но во комбинација со камениот базен, овозможуваат енергијата флуидно да се движи и да издвојува доволно простор за соживот.
Резултатот е хармоничната композиција, која се развива заедно со своите станари.