30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda Civic Type R ќе биде вистински ѕвер! (фото+видео)

Honda Civic Type R ќе биде вистински ѕвер! (фото+видео)

honda_civic_r

„Honda“ објави ефектно интерактивно видео за новата „Civic Type R“ со цел да се нагласи колку овој модел ќе се разликува од стандардната верзија на моделот „Civic“.

Фановите на спортски автомобили веќе подолго време се во исчекување на новиот спортски хечбек на „Hondа“. Но, јапонскиот производител како да не се брза, туку полека ја подигнува тензијата.

Во март во Женева беше прикажан првиот од двата прототипи на новиот „Civic Type R“, додека другиот, претпродукциски автомобил, беше изложен на авто-саемот во Париз на почетокот на октомври.

honda dzver1

Во најновото видео, „Honda“ преку две паралелни дејства ја потенцира другата, „темната“ страна на „Civic“, со која се олицетворува неговата „Type R“ верзија.

Интерактивното видео со наслов „The Other Side“ можете да го погледнете овде, а ние Ви го прикажуваме трајлерот од истото:

Новата „Honda Civic Type R“ ќе се појави во продажба во 2015-та година.

Под хаубата ќе се наоѓа четирицилиндарски 2.0-литарски „VTEC“ турбо-бензинец од серијата „Earth Dreams“, кој би требало да произведува најмалку 280 ks (206 kW).

Honda“ автомобилот ќе го опреми и со т.н. „+R“ команда која се наоѓа на воланот. Со притискање на копчето се менуваат карактеристиките на моторот, управувачот и адаптивниот систем за потпирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП