Објавени се неколку компјутерски фотографии со кои се покажува како би можела да изгледа новата генерација на „Audi A4“ (B9) чија премиера се очекува на крајот на следната година.
Според претходните најави, новиот „A4“ седан (на „MLB Evo“ платформата) ќе биде со исти димензии како и актуелниот модел, но од него ќе биде полесен за околу 50 килограми.
Што се однесува до дизајнот, револуција нема да има, затоа што во „Audi“ се одлучија за еволуција. Во информациите се споменува дека новиот „A4“ опционо ќе биде достапен и со „full LED“ предни светла, додека задните светла ќе бидат малку пошироки од сегашниот модел.
Исто така, новиот „А4“ ќе добие и „Head-up“ дисплеј, централна конзола по пример на редизајнираниот „А8“, дигитална инструмент табла (но со помалку опции отколку кај новиот „ТТ“), големиот екран чувствителен на допир за „MMI“ инфо-забавниот систем…
Во палетата на мотори меѓу останатите се споменува и 1.4-литарски „TSI“ бензинес со деактивација на цилиндрите (со што ќе се намали просечната потрошувачка на гориво за 0,5 l/100 km), a се споменува и „plug-in“ хибрид (комбинација од 2.0-литарски „TFSI“ мотор со 211KS и електромотор со 95KS) кој во електричен режим ќе може да помине до 50 km. Се разгледува можноста и за хибрид со дизел мотор.