30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарски бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Општина Илинден

Унгарски бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Општина Илинден

opshtinailinden

Поголема група стопанственици и претставници на Националната трговска комора од Унгарија се запознаа со можностите и поволностите за инвестирање во Општина Илинден на бизнис форумот што се одржа во општинкиот Дом на културата, на кој присуствуваа и претставници на бизнис заедницата од општината.

Форумот го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а меѓдругите пред стопанствениците од двете земји се обрати и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце,

Како што соопшти кабинетот на градоначалникот, стопанствениците од Унгарија на Форумот можеа од прва рака да се запознаат со можностите и поволностите што Општина Илинден им ги нуди како на домашните, така и на странските инвеститори.

Градоначалникот Стојановски посебно ги издвои ниските цени на градежното земјиште, малите давачки, поволната инфраструктура, кои покрај аеродромот „Александар Велики” што се наоѓа на територијата на Општината, слободните економски зони во Бунарџик, деветте локални економски зони, близината на градот Скопје како седиште на повеќе универзитети и високообразовни институции, како и подготвените нови атрактивни локации во локалните економски зони, придонесуваат за реализација на нови инвестициски проекти.

На стопанствениците од Унгарија им беше презентирана стратегијата на Општина Илинден за привлекување на што поголем број компании кои што би инвестирале на нејзина територија, со единствена цел отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, како во Општината, така и во регионот.

Стопанствениците од двете земји ја искористија средбата за меѓусебно запознавање, размена на информации и искуства со цел остварување на бизнис соработка. Според зборовите на унгарскиот амбасадор Бенце, со оваа средба, со овој бизнис форум е поставен мостот по кој во иднина треба се интензивира и досега успешната македонско-унгарска соработка.

На форумот се обратија и почесниот конзул на Унгарија во Република Македонија, Сашо Јанакиевски, директорот за интернационална соработка на Унгарската национална трговска комора, Ласло Балог, а на присутните им се обрати и Огнен Оровчанец, член на Сојузот на стопански комори на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП