30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во Грција масовно затворани од почетокот на кризата

Банките во Грција масовно затворани од почетокот на кризата

grcijabanki5v4f54vf

Половината банки во Грција масовно се затвориле од почетокот на кризата во 2008 па се до минатата година, а активите на оние, кои останале, се зголемиле двојно повеќе, пишува весникот „Етнос“, повикувајќи се на извештај на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во 2008 година, од 66 банки во Грција (36 грчки и 30 странски), останале само 41.

Во тој петгодишен период, пак, десет од 30-те странски банки ја напуштиле Грција, при што останале само 20.

Во 2008 година, активите на грчките банки изнесувале 54 отсто од БДП, а тие на странските банки за истиот период сочинувале 43 отсто од БДП на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП