Азиско-Пацифичките авиокомпании во текот на наредните 20 години ќе нарачаат нови 9.870 патнички и товарни авиони со вкупна вредност од 1,6 милијарди долари.
Ова го соопшти европскиот производител на авиони Ербас, кој проценува дека во овој регион ќе се испорачаат околу 35% од светското производство на авионите. Тој регион ќе сочинува 40 проценти од светскиот пазар во однос на вредноста, со што ќе застане пред Европа и Северна Америка.
Компанијата наведува дека во текот на следните 20 години, очекува дека ќе испорача 28.200 авиони во светот, чија пазарна вредност е четири илјади милијарди долари.
„Секаде постои растечки тренд, но пристапот кон азиско-пацифичкиот регион ќе биде огромен“, изјави оперативниот директор на Ербас, Џон Лејхи.
„Благодарение на растот на економијата, градовите и богатството, се повеќе луѓе ќе ги користат авионите, со ова се потврдува потребата за подобри и поефикасни авиони“, изјави Лејхи.
Се очекува дека големината на средната класа во Азиско-Пацифичкиот регион петкратно ќе се зголеми, од 746 милиони луѓе кои беа забележани во 2011, на 3,4 милијарди во 2031 година.
САД во моменетов има најголем удел во светскиот авиосообраќај.