30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкува германски Amazon

Штрајкува германски Amazon

germanija strajk amazon

Вработените во четири дистрибутивни центри на компанијата „Amazon“ во Германија започнаа денеска дводневен штрајк барајќи зголемување на платите.

Според соопштението на синдикатот на работниците „Верди“, штрајкот во четирите логистички центри на „Amazon“ во Германија, односно во Лајпциг, Бад Харсфелд, Грабен и Рајнберг, ќе трае до вторник вечерта, пренесуваaт светските медиуми.

Американската компанија за продажба преку интернет „Amazon“ вработува вкупно 9.000 луѓе на девет локации во Германија, а веќе повеќе од една година, синдикатот „Верди“ бара зголемување на платите.

Синдикатот тврди дека работниците на „Amazon“ во логистичките центри во Германија добиваат пониски плати од вработените на „Amazon“ во малопродажните одделенија или во секторот каде се примаат нарачките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП