30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Британија

Намалена невработеноста во Британија

*

Стапката на невработеност во Велика Британија во периодот од април до јуни се намалила на 6,4 проценти, спуштајќи се на најниското ниво во последните пет години, покажаа денес официјалните податоци во Лондон.

Во периодот од март до мај, невработеноста изнесувала 6,5 проценти, наведува британскиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.

Во кварталот заклучен во јуни, бројот на лица без работа е намален за 132,000 на 2,08 милиони лица, а стапката на невработеност била најниска од крајот на 2008 година, додава Заводот за статистика од Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП