30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговорот на Boeing од 2,5 милијарди долари

Договорот на Boeing од 2,5 милијарди долари

A

Американскиот производител на авиони „Boeing“ се договори со индиската влада за испорака на тешки транспортни хеликоптери за потребите на војската, во вредност од 2,5 милијарди долари.

Станува збор за 15 хеликоптери од типот „C-47F“ и 22 од типот „AH-64D“ наменети за индиските воздухопловни сили, се прецизира во соопштението кое го пренесува францускиот весник Капитал.

Како што наведува изворот, „Boeing“ за овој договор бил во конкуренција со филијалата на „Airbus“ за хеликоптери и со руската компанија „Kamov“.

Индиската влада истовремено се откажа од конкурсот за набавка на 197 хеликоптери од лесна категорија, со објаснување дека во тој сегмент предност ќе им биде дадена на локалните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП