Ако некогаш патувате во Дубаи а во исто време имате поголема количина на пари, посетете го овој егзотичен хотел…
Хотелот е сместен на само половина час возење од интернационалниот аеродром во Дубаи, овој преубав хотел порано беше луксузна резиденција на шеикот, а сега е преуреден и опремен за да послужи како ексклузивно катче кое ќе ви овозможи релаксирачко бегство од европските градови.
Овој неверојатен хотел нуди ексклузивни услуги и исклучителни погодности за различните вкусови на гостите. Вработените во „AL QASR“ со нивната услуга и гостопримливост ќе направат да се чувствувате прекрасно.
„AL QASR“ располага со 292 соби , вклучувајќи делукс, претседателски и ројал апартмани. Овие апартмани се уредуваат според желбата на госите, започнувајќи од желбите на децата до желбите на возрасните, и тој ги задоволува вкусовите на сите, од најпребирливите до оние кои посакуваат вистински мир и тишина. Гостите при самото резервирање на хотелската соба си ја кажуваат својата желба за тоа како сакаат да им биде уредена собата.
Хотелот „AL QASR“ поседува воден парк, преубави плажи, традиционален бар, неколку ресторани, голем шопинг центар…
Минималната цена на едно ноќевање е 450 американски долари.
Погледнете ги прекрасните фотографии…