Кон крајот на 2013 година, италијанското бродоградилиште „AB Yachts“ ја лансираа спортската супер-јахта „AB 116“ по име „Ecrider“…
Овој брод со должина од 36.25 метри е совршена мешавина од италијанска елеганција и современ стил, со остри линии и елегантна силуета, во темно сиви и сребрени тонови, кои му даваат силен и агресивен изглед на бродот.
Оваа јахта има четири добро опремени и удобни соби за гости, а тука се и главниот апартман, пространиот ВИП апартман и два двокреветни апартмани.
Покрај интимниот амбиент кој е присутен во сите соби, гостите можат да уживаат и во прекрасниот екстериер на оваа јахта. Со простор за вечера, голема палуба за сончање и платформа за пливање, оваа јахта има повеќе од доволно простор за релаксација и ултимативно уживање во сонцето, океанот и убавите денови.
Силна, спортска, но многу удобна, „Ecrider“ е величенствена италијанска супер-јахта која на сите на палубата им го нуди најдоброто искуство и опкружување за уживање во патувањата по морињата и океаните.