30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Најголема побарувачка во светот ќе има за млекото и месото

ФАО: Најголема побарувачка во светот ќе има за млекото и месото

mleko65fc4e6f4re

Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) предвидува дека глобалното земјоделство се повеќе ќе се движи кон производство на месо и млеко, а ќе се оддалечува од производство на ориз и житарки.

Во заедничкиот извештај на ФАО и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се наведува дека во наредните десет години светското производство на месо ќе се зголеми за 58 милиони тони, а 80 отсто од тој раст ќе доаѓа од земјите во развој.

Најмногу ќе се зголеми производството на месо од живина, кое ќе сочинува 50 отсто од вкупното производство, како и на свинско месо (30 отсто), наведуваат организациите, истакнувајќи дека живината е евтин извор на протеини и не е подложена на верски или културолошки забрани. Во извештајот се наведува дека само кинеската популација ќе сочинува половина од глобалниот раст на конзумацијата на месо.

Цените на житарките ќе продолжат да паѓаат во наредните две години, за да потоа се стабилизираат на нивоа на кои беа пред кризата од 2008, додека цените на месото, млекото и рибата ќе растат.

Од земјите од Азија и Латинска Америка ќе доаѓа најголем дел од растот на земјоделското производство, што ќе ја зајакне нивната позициј на светскиот пазар, наведуваат ФАО и ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП