Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА).
Членовите на асоцијацијата треба да расправаат за планираните активности на МЕА во врска со примената на Правилата за пазар на електрична енергија – часовно балансирање на електричната енергија и досегашните активности за формирање Берза за електрична енергија.
На дневен ред е и реализацијата на проекти од сферата на обновливи извори на енергија.