30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанството на Балканот зависно од Ивица Тодориќ

Стопанството на Балканот зависно од Ивица Тодориќ

befc995985914ce67f798c89a6645a3e_XL

Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“, 53 проценти од акциите на словенечкиот „Меркатор“ ги купи за 544 милиони евра. Воедно, со ова спојување е создадена и далеку најзадолжената групација на Балканот, која има вкупно 5,3 милијарди евра долг. Како што пишува љубљанскиот „Дневник“, Ивица Тодориќ стана највлијателниот човек во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, а неговиот концерн е преголем за да пропадне, бидејќи после тоа би дошло до финансиски колапс на банкарскиот систем на целиот Балкан.

Тодориќ во своите раце ја има судбината на цела прехрамбена индустрија во поранешните земји на Југославија. Прехрамбената компанија, која ќе одлучи да се повлече од полиците на обединетите Меркатор и Конзум, тешко дека ќе преживее. Но, тоа што е важно е тоа дека од аспект на потрошувачите, ништо значајно нема да се промени, но од аспект на производството многу работи ќе се променат.

Драгован Петровиќ од „Движењето на потрошувачите на РС“ смета дека за потрошувачите нема да постојат значителни промени, бидејќи цените во речиси сите трговски ланци се приближно исти, односно разликата е минимална. Инаку, карактеристично за малопродажниот сектор во БиХ, како што наведува тој, е тоа што понудата е многу поголема од побарувачката, поради малата куповна моќ на населението, што значи дека ни трговците нема да можат да ги зголемат цените.

За Бих е лошо, изјави Петровиќ, тоа што производителите во оваа земја се во лоша позиција во странски трговски ланци, бидејќи кога биле отворени никој не им поставил услови во поглед на присуството на домашните производи на нивните полици.

„Нашите производи ги нема на полиците на тие трговски ланци во соседните земји, а нивните ги преплавија нашите продавници, наместо на нашето, ние помагаме на нивното стопанство, а нашиот дефицит постојано расте“, нагласи тој.

Со спојувањето на Конзум и Меркатор само е потврдена нивната доминација на пазарите во поранешна Југославија, изјави економистот Игор Гавран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП