На територијата на Јужна Кореја започна производството на моделот „Soul“ на електричен погон, а извозот на другите пазари ќе започне кон крајот на оваа година.
Потпретседателот на компанијата „Kia Motors“, Томас Ох, тврди дека „Soul EV“ е втората генерација на возила на електричен погон кој ги користи сите предности од големото искуство добиено врз основа на развојот на „Ray EV“, како и користењето на овој модел во Кореја во изминативе три години.
„Soul EV“ го одликува 27 kWh батерија која нуди можност за поминување до 212 километри, за забрзување до 100 km/h му е потребно нешто повеќе од 11 секунди, додека максималната брзина која може да ја постигне е 145 km/h.
Aвтомобилот се придвижува со електричен мотор кој произведува 110 ks (81 kW) и 285 Nm максимален вртежен момент.
Поради големиот интерес кој владее за овие автомобили во Европа, зголемен е планот за испорака на електричниот „Soul“ за европскиот пазар на скоро 1.000 возила.