Вчера Арсен Венгер потпиша нов тригодишен договор со Арсенал и веднаш им вети на навивачите интересно лето и активно присуство на трансферниот пазар.
Според англиските медиуми Французинот ќе добие околу 100 милиони фунти за селекција.
Приоритет за старо-новиот менаџер на „топџиите“ ќе биде зајакнување на тимот во предните позиции.
Карим Бензема (Реал), Марио Манџукиќ (Баерн Минхен) и Лоик Реми (КПР ) се тројцата топ напаѓачи присутни во листата на 64-годишниот стретег.
Ларс Бендер (Баер Леверкузен) и Морган Шнајдерлин (Саутемптон) се опциите споменувани за средниот ред, додека потенцијалните засилувања во дефанзивен план се Ацуто Учида (Шалке), Калум Чемберс (Саутемптон) и Серж Орие (Тулуз).