30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодолг рок на отплата за потрошувачки кредит со ЕУР клаузула

Подолг рок на отплата за потрошувачки кредит со ЕУР клаузула

kbc

Почнувајќи од 29.04.2014 година,  Комерцијална банка воведе нова поволност во однос на рокот на отплата на потрошувачкиот кредит до 10.000 евра со ЕУР клаузула, кој сега изнесува и до 10 години. Меѓудругото, Банката го продолжи и  промотивниот период  до 30.06.2014 година во кој сите  примени и искористени барања за потрошувачкиот кредит до 10.000 евра со ЕУР клаузула ќе се одбруваат со  50% намален надомест за одобрување и администрирање.

Кредитот е наменет за  сите постојни и идни кредитоспособни клиенти во редовен работен однос со  плата/пензија  во Комерцијална  банка АД Скопје во износ повисок од 18.000 денари и да имаат најмалку три производи за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство). Кредитобаратели пензионери  може да аплицираат за овој кредит доколку оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница.

Банката овозможува и 50% намален надомест за одобрување и администрирање за сите примени и искористени барања за станбен  кредит со ЕУР клаузула  во промотивниот период до 30.06.2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП