Компанијата „Gresso“ е една од напрепознатливите имиња во светот на луксузните телефони.
Првиот титаниумски телефон покажува дека таа е секогаш чекор понапред од конкуренцијата.
Најновата колекција на мобилни телефони кои ги пласираа на пазарот се наречени „Cruiser Titanium“.
За разлика од конвенционалниите телефони „The Gresso Cruiser Titanium“ колекцијата, меѓу другото, го нуди првиот мобилен телефон во светот кој е изработен од материјал кој толку е цврст, што генерално се користи во аеро-индустријата.
Овој телефон може да издржи секаква механичка сила, затоа површинските оштетувања се практично невозможни.
Оваа серија на телефони е изработена во 555 примероци, секој телефон има оригинално изгравиран код, со што се намалуваат можностите за негов фалсификат.