30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс забележа пад на продажбата

Мекдоналдс забележа пад на продажбата

mcdonalds

Американскиот ланец на брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека неговата продажба во јануари повторно опаднала, поради долготрајните лоши резултати во Јапонија и проблемите со сервисите за достава во Кина.

Компанијата наведе дека глобалната продажба во рестораните кои работат најмалку 13 месеци во јануари опаднала за 1,9 отсто во однос на декември.

Во САД продажбата е зголемена за 0,9 отсто, додека во Европа, која е најголем пазар на „Мекдоналдс“, таа е намалена за 2,1 отсто. Продажбата во регионот што го сочинуваат Азија, Блискиот Исток и Африка опаднала за дури 9,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП