Според извори од Островот, Челзи подготвува нов договор за репрезентативецот на Србија со кој тој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и во наредните неколку сезони.
Бранислав Ивановиќ оваа сезона игра одлично и е еден од најдобрите играчи во составот на Мурињо, па поради тоа во клубот посакуваат и натаму да го задржат.
За него најверојатно се заинтересирани Реал Мадрид и ПСЖ, но тој во неколку наврати истакна дека е среќен во Лондон, и дека нема намера да си замине од клубот.
Како што објавија извори од Островот, на него ќе му биде понуден нов четиригодишен договор, како и подобра плата со оглед дека во моментов е еден на најслабо платените играчи на „сините“.
Верувале или не, Ивановиќ моментално заработува помалку од дури единаесет играчи на Челзи, од него подобро се платени Микел, Ето, Луис, Кејхил и Матиќ, а нормално и Кол, Азар, Тери, Лампард, Чех и Торес.
Самиот Мурињо е многу задоволен од неговите игри и рече дека Србинот е негова десна рака и еден од најзаслужните за добрата атмосфера во соблекувалната.
Капитенот на Србија во оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиерлигата за „сините“ и постигна три гола и една асистенција.