Според пишувањата на германски „Gizmodо, „Google“ повторно влезе во договор со „LG“ за развој на новата генерација на своите паметни телефони од линијата „Nexus“.
Засега нема многу детали кои се поврзани со самиот уред, но најверојатно уредот ќе биде темелен на моделот на „LG“ – „G2“, a уште се споменува и екран „Quad HD“ (1.440 x 2.560), 64-битен процесор и задна камера од 16-мегапискели.
Исто така нема информации кога овој уред би можел да се најде во продажба, но претставници на „Google“ претходно најавија дека „Nexus 6“ нема да пристигне пред третиот квартал од оваа година. Покрај тоа се претпоставува дека уредот би можел да биде претставен на конференцијата на „Google“ – „I/O“ која се одржува во јуни.