Европскиот конструктор на авиони, компанијата „Airbus“ денес соопшти дека во првите два месеца од оваа година добила 80 нарачки и извршила 83 испораки на авиони.
Компанијата, која истакна дека ова е добар почеток на годината, имала 38 откажани нарачки.
Ривалот, американската компанија „Boeing“ испорачала 95 авиони во изминатите два месеци, додека во тој период добила 105 нарачки по 12-те откажани.
Меѓу значајните случувања во февруари, „Airbus“ го истакнува договорот за испорака на 20 авиони А380 со компанијата „Amedeo“, пренесува агенцијата АФП.