30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИContinental очекува раст на приходите

Continental очекува раст на приходите

continentalgermanycompany5632

Германскиот производител на опрема за автомобили „Continental“ за тековниот квартал предвидува раст на приходите од три до четири проценти, без оглед на неповолното влијание на девизните курсеви.

Како што пренесува Ројтерс, ефектот на валутните курсеви би можел максимално за четири процентни поени да ја намали вредноста на приходите на оваа компанија.

Очекуваниот оперативен профит е поголем од 796,2 милиони евра, колку што изнесуваше во првиот квартал од 2013 година, се додава во соопштението.

„Continental“ ги потврди целите за 2014 година, оценувајќи дека приходите од продажбата ќе се зголемат за пет проценти, на околу 35 милијарди евра, по растот од два проценти во минатата година, кога изнесуваа 33,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП