Германската телекомуникациска компанија Дојче Телеком во четвртиот квартал минатата година го зголемила профитот за 1,3 проценти, со раст на приходите од 6,5 проценти, главно поради добивањето на нови клиeнти во Германија и САД.
Бруто оперативниот профит (ЕБИТДА) на овој оператор во извештајниот период изнесувал 4,06 милијарди евра (со исклучок на вонредни ставки) што сепак беше под очекувањата на аналитичарите (4,14 милијарди), пренесува Ројтерс.
За тековната година Дојче Телеком предвидува ЕБИТДА на стабилно ниво, односно, околу 17,6 милијарди евра и поголеми инвестиции отколку во 2013 година, поради кои нивото на готовина ќе биде вратено на износ од околу 4,2 милијарди евра.